Екипата на Ливерпул го декласира Манчестер сити 3:0 во англиското дерби, во рамките на четврт-финалето во Лигата на шампионите.
Јирген Клоп го надмудри Пеп Гвардиола, а Ливерпул за половина час го прегази идниот шампион на Англија. „Црвените“ демонстрираа моќ во двата правци, во првото полувреме белскаа во нападот кога ги постигнаа головите, а во второто ги затворија сите приоди кон својот гол не дозволувајќи му на противникот да упати ниту еден директен удар кон Кариус.
Дамка на победата фрли повредата на Мохамед Салах кој го напути теренот на почетокот на второто полувреме.
Сити, икако го имаше поседот на топката, дефанзивно делуваше како вторкласен тим, што и му овозможи на Ливерпул три пати да го совлада Едерсон.
Салах до крај ја следеше акцијата на Фирмино во 12.минута и крај нерешителниот Вокер успеа да го постигне првиот гол на мечот. Најдобриот играч на Ливерпул го постигна својот седми гол во Лигата на шампионите оваа сезона.
Голот постигнат во раната фаза на мечот дополнително им ја зголеми самодовербата на домашните фудбалери кои продолжија со високиот пресинг.
Милнер одзеде една топка длабоко на половината на Сити, таа стигна до Окслејд-Чембрлен кој непречен од никого испрати вистински прокетил од 25 метри за 2:0.
Сити по вториот примен гол се обиде дополнително да ја отвори играта, но сите нивни обиди лесно ги одиваше одбраната на Ливерпул.
Конечниот резултат го постави Мане по центаршутот на Салах. Сенегалецот меѓу двајца деванзивци со глава го совлада Едерсон.
Во вториот дел Сити повотрно ја контролираше играта, но не успеваше никако да го пробие двојниот блок кој го поставија противничките играчи.