Top Sport

Манџукиќ пред суспензија од 4 меча поради удирање на Ромањоли?

Напаѓачот на Јувентус, Марио Манџукиќ би можел да доживее казна од 4 меча поради удирање со нога на капитенот на Милан, Алесио Ромањоли.

Судиите на теренот не го видоа потегот на напаѓачот, а немаше ниту реакција од ВАР-собата.

Хрватот дополнително би можел да биде казнет поради неспортско однесување. Информациите од Италија се дека Дисциплинската комисија го разгледува случајот и наскоро ќе се огласи за евентуалната казна за Манџукиќ.

Инаку по дербито меѓу Милан и Јувентус многу се зборуваше за лошото судење на мечот. Арбитарот на мечот, Михаел Фабри е суспендиран во идните две кола, а до крајот на сезоната нема да му суди на Милан затоа што тешко ги оштети Росонери во неколку ситуации.

Scroll to Top