Италијанскиот фудбалски интернационалец кој е член на француска Ница, Марио Балотели до крајот на преодниот рок со голема веројатност ќе го напушти Азурниот брег.
Иако интерес за неговите услуги пројави Олимпик Марсеј, сепак Италијанецот не успеал да се договори со челните луѓе во клубот, па трансфер пропадна.
Последните информации од Италија велат дека постојат реални шанси Балотели да се врати во Серија А, но не во некој од гигантите во лигата, туку како опција се споменуваат екипите на Сасуоло и Парма.
Балотели преферира да заигра за тимот на Сасуоло каде настапува неговиот екс-соиграч од Милан, Кевин Принц Боатенг со кој се добри пријатели.
Имаше шпекулации дека Балотели ќе биде засилување за турски Фенербахче во обид тимот да излезе од опасната зона за испаѓање, но до тоа не дојде.