Top Sport

Марио Манџукиќ се сели во римски Лацио?!

Италијанскиот дневен весник „Ил Месаџеро“ тврди дека хрватскиот фудбалски интернационалец, Марио Манџукиќ има нов клуб, римски Лацио.

Иако Хрватот често беше споменуван со трансфер во Кина или во германска Борусија Дортмунд, сепак најновите информации се дека тој ќе се пресели во клубот против кој го постигна првиот гол за „Старата дама“ од Торино.

Манџукиќ минатата сезона за Јувентус одигра 25 меча со биланс од 9 гола и 7 асистенции, но според информациите од италијанскиот шампион, хрватскиот ас веќе не се вклопувал во идеите на новиот тренер на Јуве, Маурицио Сари.
https://sololalazio.it/2019/06/24/calciomercato-lazio-mandzukic/

Scroll to Top