Центарот на Далас Маверикс, Србинот Бобан Марјановиќ за сајтот на ФИБА ја одбра идеалната петорка на Србија на сите времиња.
Во неговата татковина се коментира неговиот избор, посебно што меѓу петте најдобри нема место за Александар Ѓорѓевиќ и Предраг Стојаковиќ.
На позицијата плејмејкер, Марјановиќ го одбра Милош Теодосиќ.
На позицијата бек – шутер се најде името на Предраг Даниловиќ.
Според Марјановиќ, на позиција ниско крило идеален е Дејан Бодирога.
Кога станува збор за високите играчи, како центар го одбра Владе Дивац.
Сепак, во „петорката“ има место и за Никола Јокиќ, но на позиција „четири“.
We had @BobanMarjanovic attempting the impossible… ? #EuroBasket | @KSSrbije ?? pic.twitter.com/tT2wtYaz7T
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) April 29, 2020