Голманот на Реал Мадрид, Кејлор Навас по 5 години поминати на „Бернабеу“ го напупта кралскиот клуб, пишува шпанска „Марка“.
Репрезентативниот голман на Костарика ја чуваше мрежата на Реал на 162 натпревари, а беше еден од најзаслужните за трите врзани шампионски титули на Реал во ЛШ.
Сепак, од почетокот на неговата авантура во Мадрид, Управата постојано му бараше замена, и тоа позади неговиот грб.
Тој стигна во Реал како замена на Икер Касилјас, но минатата сезона беше повеќе на клупата, додека прв избор на голманската позиција беше Тибо Куртоа.
„Марка“ денеска ексклузивно пренесува дека Навас пронашол нов клуб, ПСЖ. Пишуваат дека преговорите меѓу двата клуба траат веќе 3 недели, а по одлуката на Буфон да ја заврши авантурата во Париз, тие се забрзале.
Доколку Навас потпише за францускиот шампион, тој идната сезона конкуренција на голот ќе има во Алфонсо Ареола.
Buffon is leaving
PSG need a new goalkeeper
They're closing in on Navas
?https://t.co/n0I9XJtZQj pic.twitter.com/Yn5G7VmdK3
— MARCA in English (@MARCAinENGLISH) June 6, 2019
TRANSFER ALERT: Per @marca, the defending @Ligue1_ENG champs @PSG_English are making a move on @NavasKeylor ??? #PSG #RealMadrid #Navas pic.twitter.com/kzZkRYIx7k
— beIN SPORTS USA (@beINSPORTSUSA) June 5, 2019