Француските медиуми пренесуваат информација, дека играчот од средниот ред на францускиот фудбалски шампион, ПСЖ, Италијанецот Марко Верати ја продолжил верноста кон клубот и ќе потпише нова соработка.
Тој на „Паркот на принцовите“ стигна во 2012 година, со тимот освои 6 титули и стана важна алка во екипата.
Бројни европски екипи изминатите седум години се обидуваа да дојдат до неговиот потпис, но судејќи по најовите информации, Верати нема намера да го напушти Париз во блиска иднина.
Информациите се дека прифатил да потпише нов договор со траење до 2024 година.