Top Sport

Матераци: Ако Јуве годинава не ја освои ЛШ ќе биде катастрофа

Екс-фудбалскиот репрезентативец на Италија и поранешен член на Интер, дефанзивецот Марко Матераци смета дека ќе биде голема катастрофа ако Јувентус сезонава засилен со Кристијано Роналдо не успее да ја освои Лигата на шампионите. Европската титула не завршила кај „бјанконерите“ цели 23 години.

„Јуве е силен секоја година и има опсесија дека мора да победи во Лигата на шампионите. Кога ќе освоите многу во Италија, треба да направите уште еден чекор и дополнителниот чекор се вика Лигата на шампионите. Оваа година тие го земаа Кристијано Роналдо кој е неспоредлив на европско ниво, па мислам дека ЛШ е нивна прва цел. Во Италија, никој не може да го предизвика Јувентус за Скудетото. Ама ако не ја освојат Лигата на Шампионите, мислам дека тоа ќе биде неуспех. Кога ќе ги земете во предвид најсилните во светот, заедно со Меси, со право се очекува титулата. Ако победат, ќе им честитам како Италијанец. Меѓутоа не ме терајте да навивам за нив“ – рече Матераци за италијанските медиуми.

Scroll to Top