Top Sport

Матеус го брани Ковач: Нико е добар, Баерн е виновен што не менува играчи!

Легендата на минхенски Баерн, Лотар Матеус (57) застана во одбрана на актуелниот кормилар на Баварците, Хрватот Нико Новач кој беше „главен осомничен“ за лошите резултати на клубот на почетокот на сезоната.

Матеус смета дека Ковач не е причината за слабите партии на тимот сезонава.

„Нико Ковач го знае Баерн, беше играч пред 15 години, има искуство да работи со ѕвезди. Но Баерн е нешто посебно. Затоа му е потребна поткрепа од луѓето кои работат во клубот. Има играчи кои се во клубот во последните 6 години како Робен, Рибери, Боатенг, Милер. Денеска времињата се менуваат, се е побрзо и најголемата грешка која ја направи Баерн е што пред сезоната не ги менуваше играчите“ – смета Матеус.

Прославениот фудбалер е дециден дека „Ковач напорно работи за да ги направи играчите подобри. Ако клубот му даде поддршка, сигурен сум дека Баерн ќе има резултати како што имаа некои други тренери изминатите сезони“.

Scroll to Top