Екс-фудбалерот на Баерн Минхен и на германската фудбалска репрезентација, Лотар Матеус изјави дека членот на Манчестер Сити, Лирој Сане е едно од потенцијалните засилувања на Баварците во претстојниот летен преоден рок.
„Играчот кој по мое мислење ќе биде миленик на навивачите на Баерн наредните сезони е Лирој Сане. Сигурен сум дека ќе се пресели во Минхен. Тоа би бил одличен трансфер, затоа што Сане е едно од најдобрите крила на денешницата.
Незгоден, опасен по голот, брз, употреблив на двете страни со сјајна иднина“ – изјави Матеус.
Информациите се дека Сане веќе добил понуда од Баварците во висина од 90 милиони евра.
Lothar Matthäus: "A player who, in my eyes, will enchant the Bayern fans next year is Leroy Sané. I am sure he will move to Munich. If Uli Hoeneß publicly reveals that he makes an effort for the player, this player lands in the vast majority of cases in Bavaria." [Sky] pic.twitter.com/mIZaOY3hKx
— Bayern & Die Mannschaft (@eMiaSanMia) May 27, 2019