Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ вели дека неговиот тим треба се уште да созрева за да се најде во групата на фаворити за освојување на Премиерлигата. Тој пред почетокот на новата сезона ги проценува шансите на Јунајтед повторно да бидат во врвот на англискиот фудбал.
Матиќ смета дека „црвените ѓаволи“ имаат квалитет, но не и искуство.
„Тоа се двете работи кои носат трофеи. Сепак, тие се млади, како Маркус Рашфорд или Ентони Марсијал. Тие покажаа квалитет на теренот, но се сеуште млади да бидат лидери во тимот“ – рече Матиќ кој ја освои Премиерлигата со Челси во 2015 и 2017 година.
Србинот смета дека навивачите треба да имаат трпение, да почекаат младите играчи да стекнат искуство.
„Минатата сезона беше болна. Имаше добри натпревари, но имаше од оние другите. Тоа е фудбалот. Следнава сезона ќе биде подобра“ – смета фудбалерот.