За само неколку дена две дерби пресметки на екипите на Монако и шампионот ПСЖ.
Првата заврши со ефикасно реми 3-3, а вечерашната, во Кнежевството во рамки на 15 коло од Лига 1 и припадна на гостинската екипа од главниот град со резултат 4-1.
Поранешниот играч на Монако, актуелен голгетер кај „светците“, Килијан Мбапе немаше милост кон екс-екипата. Двапати прецизно стрелаше во нивниот гол, во 24 и во 91 минута. Другите два гола кои завршија во мрежата на Монако беа дела на Нејмар (45 минута од пенал) и Сарабија (72 минута).
Единствениот погодок за домашната екипа беше дело на Бакајоко во 87 минута, при резултат 1-3 за противникот.
ПСЖ е прв на табелата во Лига 1 со 49 бода, додека Монако моментно е на 9 позиција со 29 бода.