Францускиот фудбалски репрезентативец, Килијан Мбапе (21) за телевизијата „beIn Sports“ изјави дека најважен гол во кариерата му е оној против Хрватска во финалето на Мундијалот во Русија.
„Најважниот гол кој го дадов беше во финалето на СП против Хрватска. Тешко е да се избере еден, се сеќава на сите, сепак во глава секогаш ми е оној најважниот, против Хрватска“ – рече Мбапе.
Французинот во 65 минута погоди за конечните 4-2. Тој за „триколорите“ има одиграно 34 меча, а постигнал 13 гола. За ПСЖ, пак, на 120 меча постигнал 90 погодоци.
Вели дека нема ритуал на мечевите.
„Не, никогаш не правам исти работи. Живеам од ден до ден, можеби ќе посетам физиотерапевт, но тоа не би го нарекол ритуал. Понекогаш си играм со топката во тунелот кај соблекувалните пред мечот или разговарам со соиграчиѕе, се шегувам со нив“ – вели Мбапе.
Најдобриот гол кој го видел вели дека е оној на Кристијано Роналдо со „ножички“ против Џиџи Буфон во меч од ЛШ меѓу Реал Мадрид и Јувентус.
„Имав можност да играм заедно со Џиџи, па разговаравме за тој гол и како се чувствувал тогаш. Затоа тој гол ми остана врежан како најдобар. Кристијано Роналдо многу ми се допаѓа, во текот на ерата во која играат тој и Меси уживам. Играм и со Нејмар, кој ми беше идол кога бев мал. Има уште многу други играчи на кои им се воодушевувам“ – вели францускиот фудбалер.