Top Sport

Медведев го совлада Коболи и се пласираше во осминафиналето на УС Опен

Рускиот тенисер Даниил Медведев рано утринава го победи Италијанецот Флавио Коболи во три сета 6:3, 6:4, 6:3 и се пласираше во осминафиналето на Отвореното првенство на САД во Њујорк.

По елиминацијата на Карлос Алкараз во второто и Новак Ѓоковиќ во третото коло на УС Опен, Медведев сега е еден од фаворитите на турнирот заедно со Јаник Синер, првиот тенисер според АТП листата.

Медведев е петто рангиран тенисер во светот и победник на УС Опен во 2021 година.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');