Канадската пливачка Самер Мекинтош го собори сопствениот светски рекорд на 400 метри мешано на Националното првенство во Викторија, што служи како квалификација за Светското првенство во Сингапур во јули.
Мекинтош, 18-годишната трикратна олимписка шампионка во Париз минатото лето (200 метри пеперутка, 200 метри мешано и 400 метри мешано), исплива 400 метри мешано за 4:23,65, подобрувајќи го сопствениот светски рекорд од 4:24,38 поставен минатата година.
Трократната олимписка шампионка веќе ги собори светските рекорди во дисциплините 200 метри мешано и 400 метри слободен стил.
„Знаев дека можам да направам нешто навистина посебно вечерва, ова е веројатно најдобрата трка во мојата кариера“, рече Мекинтош по трката.
Во саботата, таа го собори светскиот рекорд на 400 метри слободно, надминувајќи го претходниот рекорд поставен во 2023 година од австралиската ѕвезда Аријарна Титмус. Потоа, во неделата, на 800 метри слободно пливаше трето најбрзо време во историјата, а во понеделникот го собори десет години стариот светски рекорд на унгарската пливачка Катинка Хоса на 200 метри мешано.