Top Sport

Менаџерот на Барнли, Шон Дајч најдобар во ПЛ во февруари

Менаџерот на премиерлигашот Барнли, Шон Дајч ја доби наградата за тренер на месецот во Премиерлигата.
Барнли во февруари одигра 4 натпревари и на сите меча остана непоразен.

Моментно екипата е на средината на табелата, на 10. позиција со 39 освоени бодови.

Минатиот месец на домашен терен одиграа без голови против Арсенал и го совладаа Борнмут со 3-0.

Нагости славеа со 2-1 кај Саутемптон и ремизираа кај Њукасл (0-0).

Дајч со екипата собра 8 бода на четирите меча, со гол разлика 5-1.


Меѓу фудбалерот, епитетот најдобар во вториот месец годинава го доби Португалецот Бруно Фернандеш, од Манчестер Јунајтед.

Фернандеш играч на месецот во Премиер лигата

Scroll to Top