Top Sport

Мешков Брест ја среди Стеауа и сега е во пол позиција за „фајнл фор“ во СЕХА

Белорускиот ракометен шампион Мешков Брест предмалку во 14 коло од регионалната СЕХА лига ја декласираше романска Стеауа со 35-21. Со оваа победа и планираните бодови, белорускиот претставник во СЕХА се наоѓа на пол-позиција, на четвртото место на табелата кое води на „фајнл фор“ турнирот.

Белорусите немаа мака со Стеауа, а победникот беше решен уште по првото полувреме кое ракометарите од Брест го добија со 19-10.

Најефикасни во победничката екипа беа Ѓорѓиќ, Обрановиќ, Баранау и Јуринок со по четири гола, додека пак кај романскиот тим Милошевиќ, Флореа и Вегар исто така постигнаа по четири погодоци.

Мешков има 27 бода на четвртата позиција, 3 повеќе од директниот конкурент Татран Прешов. Интересна е позицијата на табелата во СЕХА каде по 36 бода имаат Нексе, Загреб и Вардар, со тоа што тимот од Нашице има одиграно натпревар повеќе од конкурентите.

Најубавиот гол на мечот оди зад името на Шиме Ивиќ:

Scroll to Top