УЕФА соопшти дека стрелецот на најубавиот гол минатата сезона е Лионел Меси.
За најубав гол за сезоната 2018/2019 на меѓународните натпревари под закрила на УЕФА е прогласена мајсторијата на Аргентинецот во полуфиналето на Лигата на шампиони.
Меси погоди од слободен удар во победата на Барса со 3-0 против Ливерпул кој во реваншот во Англија направи сензација, го елиминираше фаворизираниот противник и потоа стигна до европската титула.
На второто место се најде голот на Кристијано Роналдо во поразот на неговиот Јувентус од Манчестер Јунајтед во групната фаза од ЛШ.
Трет најубав погодок е оној на Данило за Португалија во мартовските репрезентативни пресметки со Србија во квалификациите за ЕУРО 2020. Мечот заврши 1-1.