Фудбалерите на Барселона рутински ги освоија три бодови во денешниот дуел против тимот на Селта Виго, натпреварот на „Камп Ноу“ заврши со резултат 2:0.
Дембеле погоди уште во 10. минута, по одбиената топка, по ударт на Лео Меи.
На вториот гол се чекаше до 45 минута кога меси со неговиот 15-ти погодок во Примера ги постигна конечните 2-0.
Во вториот дел избраниците на тренерот Валверде „легнаа“ на топката и мечот го приведоа до крајот.
Фудбалерите на Барселона сега можат да имаат мирни новогодишни празници поради трите бода предност пред Атлетико на табелата, но и поради шесте бода предност пред Реал Мадрид, кој сепак има натпревар помалку од Каталонците.
Следниот меч на Барса е на 6 јануари во Мадрид против Хетафе.