Аргентинскиот фудбалски ас, Лионел Меси во кариерата постигна 716 (досега), па во коментар за „DAZN“ откри кои три му се најважни.
„Секогаш велев дека своите голови ги ценам според важноста, а не по убавината. Тогаш тоа се два гола во финалињата против Манчестер Јунајтед, а секогаш се сеќавам и на голот во полуфиналето на Лигата на шампиони против Реал во Мадрид. Тој гол е од посебна важност, полуфинале и тоа уште против Реал. За да ги одбрам своите најдраги голови, ќе мора повторно да ги погледнам“ – рече Меси.
За потсетување, Барселона на 27 мај 2009 година во Рим го победи Јунајтед во финалето на ЛШ, а Меси во 70 минути со глава му даде гол на Едвин ван дер Сар и им ја потврди на Каталонците тогаш третата титула европски шампион.
Потоа пролетта 2011 година Меси со два гола и ја донесе на Барса победата против Реал (2-0) во Мадрид, во првиот меч од полуфиналето со мадридската екипа. Првиот гол го даде во 76 минута, а во 87-мата зема една топка на 40 метри, помина 5 играчи и му даде гол на Касиљас со десна нога.
Во Лондон, повторно против Јунајтед и пак исто сценарио. Барса славеше со 3-1 на „Вембли“, а Меси во 54 минута од 20 метри го матираше Ван дер Сар и ја најави новата европска титула.