Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси вели дека сака да освои трофеј со репрезентацијата на Аргентина пред да се повлече од фудбалот.
Тој за Аргентина има 129 настапи, но никогаш не успеал да освои трофеј. Губеше финалиња и на Светско првенство и на Копа Америка.
„Кога ќе се повлечам, сакам да имам освоено трофеј со Аргентина. Ќе продолжам да се обидувам. Сакам да играм за репрезентацијата“ – изјави Меси за аргентинските медиуми.
Тој накратко се повлече од селекцијата на Аргентина во јуни 2016 по поразот на финалето на Копа Америка од Чиле на пенали 4-2, но по три месеци ја смени одлуката.
И покрај разочарувачкиот пласман на Аргентина на СП 2018 во Русија и испаѓањето на „гаучосите“ во осминафиналето од Франција Меси реши пак да и се приклучи на репрезенатција, иако немаше настап од СП па се до март годинава.
Меси ќе ја предводи својата селекција на Копа Америка во Бразил, натпреварување на кое Аргентина досега трипати губела во финалето.