Top Sport

Михајловиќ доби 3 милиони евра за 12-те дена на клупата на Спортинг

Португалскиот фудбалски клуб Спортинг Лисабон го исплати долгот кон српскиот тренер, Синиша Михајловиќ во висина од 3 милиони евра поради отказот кој му го врачи летото 2018 година, јави португалското радио „Рекорд“.

Информациите оттаму се дека парите легнале на сметката на Србинот за неговиот ангажман на клупата од само 12 дена.

Иако Управата на португалскиот тим се правдаше дека се работи само за проба на српскиот тренер во клубот, сепак судот за спортска арбитража во Швајцарија пресуди во корист на Михајловиќ, па преостана клубот да ги подмири обврските најдоцна до 30 овој месец.

Спортинг го ангажираше актуелниот тренер на Болоња на 18 јуни 2018 година, го именуваше лично претседателот на клубот, Бруно де Карвалјо, но соработката траеше кратко. Причина е што по само 9 дена, Спортинг доби нов директор, Соуза Синатра кој го отпушти српскиот стратег.

Михајловиќ не стигна ниту да направи тренинг со екипата.

Scroll to Top