Синиша Михајловиќ ја напушти болницата во Болоња по втората етапа од хемотерапијата и веднаш побрза да го поздрави својот пријател, селекторот на репрезентацијата на Италија, Роберто Манчини.
Српскиот тренер стана од болничкиот кревет по лекувањето на леукемија, иако пред него е дополнително лекување.
„Азурите“ се во Рим, се подготвуваат за меч од квалификациите за ЕУРО 2020, па Синиша ги посети на тренингот.
Поразговара со Манчини и со претседателот на Фудбалскиот сојуз на Италија, Габриеле Гравино.
Дека посетата на Михајловиќ не била изненадувачка, туку најавена, се гледа по тоа што му подготвиле подарок – дрес со неговото презиме, со број 11.