Top Sport

Михајловиќ си отиде од болница по третиот циклус хемотерапија

Српскиот тренер, кормиларот на италијанска Болоња, Синиша Михајловиќ излезе од болница по завршувањто на третиот циклус од хемотерапијата. Тој го заврши клучниот дел од лекувањето на леукемијата по што треб да е појасна сликата околу неговите шанси да се ослободи од болеста.

Неговата сопруга Аријана на социјалната мрежа Инстаграм објави заедничка фотографија по напуштањето на болницата, а под фотката напиша: „Нема поубави работи. Враќање дома“.

На тренерот на Болоња во јули годинава му беше дијагностицирана леукемија, но и покрај лекувањето, тој остана шеф на стручниот штаб на калчолигашот.

„Затоа што е утринава пуштен од болница, Синиша Михајловиќ утре ќе се појави во центарот `Николо Гали` и ќе ја води екипата на тренингот“ – соопштија од клубот.


Екс-фудбалерот на Црвена Звезда, Рома, Сампдорија, Лацио и Интер беше на неколку овосезонски натпревари на Болоња на кормилото, секако кога за тоа имаше добиено дозвола од лекар.

Болоња е седмиот клуб во Италија кој е под тренерската палка на 50-годишниот Михајловиќ.

Scroll to Top