Top Sport

Михајловиќ со моќна порака: Луѓе, донирајте коскена срж, спасува живот!

„Коскената срж спасува живот“ порача тренерот на калчолигашот Болоња, српскиот тренер Синиша Михајловиќ зборувајќи отворено за тешката болест со која се бори. Тој апелираше до сите луѓе да помагаат кога можат.

Михајловиќ одржа емотивен и потресен говор сакајќи да ја разбуди свеста кај луѓето за донирањето.

„Коскената срж спасува животи, затоа донирајте ако сте во можност. За жал, јас не можам. Им велам на сите кои можат – донирајте. На тој начин на некого му давате живот и тоа е најубавата работа која постои на светот“ – рече меѓудругото српскиот тренер.

Михајловиќ се осврна и на сите детали од лекувањето на леукемијата со која се бори 5 месеци.

„Благодарен сум им на докторите, но и на комплетниот состав на болницата. Да ми се случеше ова пред 25 години, тешко дека ќе имаше помош, но сега истражувањата напредуваа и благодарејќи на тоа, оваа страшна болест со која јас се борам стана излечива. Уште една битна порака за сите. Превенцијата е фундаментална. Контролирајте се, тоа е од големо значење. Во Италија не се вложува доволно, заостануваат за разлика од САД, Германија, потребно е тоа да се промени“ – вели Михајловиќ.
https://www.instagram.com/p/B6JVuU7Ch4H/?utm_source=ig_web_button_share_sheet

Scroll to Top