Top Sport

Мијатовиќ за сегашниот Реал: Не сум оптимист!

Екс-фудбалерот на мадридски Реал, Предраг Мијатовиќ вели дека не е задоволен како изгледа Кралскиот клуб во новата сезона.

„Ако остане овој актуелен тим, тој може да се натпреварува, но не можеме да сме оптимисти и да мислиме дека тоа е најдобрата екипа која ќе освои многу трофеи. Има многу тимови што се подобри од нас“ – изјави спортскиот директор на Реал за радио „Кадена сер“.

Мијатовиќ смета дека средниот ред во тимот на Зидан е проблематичен.

„Ајде да видиме дали ќе се донесе уште некој играч до крајот на преодниот рок. На средината на теренот постојат слабости и тука нема многу алтернативи. Нов играч од средниот рок одлично би и дошол на екипата“ смета Мијатовиќ.

Мадридскиот клуб ова лето потроши 300 милиони за нови засилувања, а во клубот дојдоа Ферланд Менди, Едер Милитао, Лука Јовиќ и Еден Азар. Сепак Црногорецот вели дека сака да го види Нејмар на „Бернабеу“.

„Ако дојде Нејмар, сигурно работите би биле многу поинтересни, би сакал да го видам во Реал“ – вели тој.

Реал сезоната во Примера ја почна со победа нагости кај Селта со 3-1 и домашно реми со Валјадолид 1-1.

Scroll to Top