Германскиот возач, Мик Шумахер ја оствари својата прва победа во Формула 2 откако беше најбрз на трката за Големата награда на Унгарија. Тој победи на патеката „Хунгароринг“ на која неговиот татко михаел оствари четири од рекордните 91 победа.
„Сјајна трка, возилото беше сјајно. Не беше лесно, му честитам и на противникот Нобухари Мацушити кој се бореше до самиот крај. Среќен сум, беше забавно“ – изјави 20-годишниот Шумахер.
Тој вози за екипата на Према, но е член на возачката академија на Ферари и се очекува за неколку години да го видиме во Формула 1 трките.
Победата во Унгарија е негов најдобар резултат о Формула 2, а претходно најдоброто остварување го имаше во Австрија, кога го зазема четвртото место.
Моментно е 11-ти во генералниот пласман во Формула 2.