Top Sport

Мик Шумахер: Во „формулата“ влегов кога имав само 3 години

Поминаа 7 години откако фантастичниот Ф1 пилот, Михаел Шумахер доживеа несреќа на скијање и исто толку години е врзан за кревет, без да се покаже во јавноста.

По неговите стапки тргна неговиот син, Мик. Тој вози за филијалата на Ферари во Формула 2. Мик на страната на својот спонзор напиша писмо за тоа од кога му е всадена љубовта кон трките.

„Многу рано ми стана јасно дека сакам да бидам возач во Формула 1 и нејзин шампион. Во го-карт влегов кога имав само 3 години, а веќе се натпреварував. Кога имав 11, 12 години сфатив дека сакам со тоа да се занимавам професионално“ – вели Шумахер помладиот.

Scroll to Top