Top Sport

Милан и Наполи одиграа досадни 90 минути, без вистински шанси и голови (видео)

Ниту Д од дерби беше натпреварот меѓу Милан и Наполи во италијанската Серија А. Заврши со најнепопуларниот резултат, 0-0.

Вљубениците во бубамарата на „Сан Сиро“ немаа можност да видат ниту една стопроцентна шанса пред двата гола, а единствено вредно за одбележување е дебито на новото засилување на „Росонерите“, Полјакот Кшиштоф Пјатек. Тој влезе во игра во 71 минута, на местото на Кутроне, но немаше можност да покаже нешто од голгетерскиот потенцијал.

До крајот на мечот имаше уште два моменти за одбележување.

Матео Мусакио од Милан имаше зрела прилика пред голот на голманот Оспина. Биеше неубедливо, па голманот, кој се повреди во претходниот напад, ја извади топката од гол линијата.

Во последните моменти од мечот, по една случајно шутната топка, таа го погоди гостинскиот играч Фабијан Руиз, повеќе во телото, отколку во раката, но за судијата тоа беше игра со рака, па фудбалерот заработи втор жолт картон и предвреме го заврши натпреварот.

По овој натпревар, Наполи останува на втората позиција на табелата со 48 бода, 8 помалку од лидерот Јувентус кој има натпревар помалку, утре вечер му госстува на Лацио.

Милан, пак, е на четвртата позиција со 35 бода.

Scroll to Top