Според пишувањата на „Калчомеркато“, италијански Милан е заинтересиран во своите редови да доведе тројца играчи на Динамо Загреб. Доколку се точни информациите, „росонери“ би можеле да станат Дани Олмо, Николо Моро и Антонио Марин.
Најзаинтересирани челниците на Милан се за Шпанецот Олмо за кого постои откупна клаузула од 25 милиони евра.
Сепак, се чини Милан ќе има силна конкуренција за Олмо.
„Дриблингот и асистирањето се најјаките сегменти во неговата игра. Дани Олмо е вистински талент кој Милан го следи веќе неколку месеци. Хрватскиот клуб сигурно нема да го продаде за помалку од 25 милиони евра, што значи дека аукцијата за Шпанецот може да почне. Барселона размислува за негово враќање назад по пауза од 4 години. Во Германија Борусија Дортмунд следи отстрана“ – пишува „Калчомеркато“
⚽️? Il #Milan sta seguendo con attenzione la #DinamoZagabria: sul taccuino sono finiti i nomi di #Olmo, #Moro e della stellina classe 2001 #Marin @cmdotcom
— Daniele Longo (@86_longo) February 26, 2019