Top Sport

Милан повторно го спојува балканскиот тандем Јовиќ – Ребиќ!

Италијански „Calciomercato“ пишува дека Милан веќе пронашол потенцијална замена за местото на Златан Ибрахимовиќ во тимот. Се работи за српскиот напаѓач од Реал Мадрид, Лука Јовиќ.

22-годишниот напаѓач наводно ќе го сочинува тандемот со Хрватот, Анте Ребиќ, дуото кое „жареше и палеше“ во редовите на Ајнтрахт Франкфурт.

Јовиќ за две сезони во Ајнтрахт постигна 36 гола, а Ребиќ за само еден месец, пред прекинот на сезоната во Серија А, за Милан постигна 7 гола.

Италијанските медиуми пишуваат дека Управата на „Росонерите“ го сака Јовиќ затоа што е млад, способен, а и Реал бара нова опција во нападот.

Српскиот фудбалер минатото лето премина на „Сантијаго Бернабеу“ за 60 милиони евра, но не се наметна кај тренерот Зидан.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');