Top Sport

Милер удри по Ковач: Ако те пратат во маркет без список, сигурно ќе погрешиш!

Германскиот фудбалски интернационалец од редовите на Баерн Минхен, Томас Милер имаше тежок период во клубот додека на клупата на Баварците беше Хрватот, Нико Ковач. Поради него, тој побара да си оди од клубот во кој е од 2008 година.

Иако Ковач пред извесен период беше сменет од кормилото на баварскиот клуб, сепак се уште се зборува за него.

Своето незадоволство од неговата работа го прокоментира токму Милер кој доби поголема шанса во екипата со доаѓањето на актуелниот стратег, Ханс Флик.

„Ако важата жена ве испрати во пазарување со јасни напаствија, тогаш точно знаете што треба да купите. Но ако не ви објасни на вистинскиот начин, ќе стоите пред полиците и голем е ризикот вечерата да не биде добра, како што требала да биде. Сега нас тоа ни се случува со Флик, сите знаеме што треба да направиме на теренот “ – рече Милер кој му стави до знаее на екс-тренерот дека не ги цени неговите тренерски квалитети.

Scroll to Top