Top Sport

„Милионерите“ ќе рушат рекорд, 35 милиони евра за 16-годишен фудбалер

Младиот 16-годишен фудбалер, Џуд Белингем е метата на Борусија Дортмунд. „Милионерите“, според информациите, се подготвени за него да платат 35 милиони евра, што за екипата би бил нов клупски рекорд.

Играчот на Бирмингем би требало на „Вестфален“ да стигне како заемна на неговиот сонародник, Џејдон Санчо кој летоска речиси сигурно ќе го напушти германскиот вицепрвак.

Борусија во зимскиот преоден рок го ангажираше младиот Норвежанец, Ерлинг Халанд, па сега „милионерите“ се насочени кон нов тинејџер.

Белингем со 16 години на почетокот на сезоната дебитираше за првиот тим на Бирмингем. Тој во јуни ќе наполни 17 години, а се уште нема потпишано професионален договор со англиската екипа. До сега има 4 постигнати гола во Чемпионшип.

Скаутите на тимот од Дортмунд, кои во последниве години вршат одлична работа, во Белингем гледаат партнер во нападот за Халанд, но и играч од кој во блиска иднина би можеле добро да заработат.

Scroll to Top