Борусија Дортмунд за уште две години му го продолжи договорот на првиот голман во екипата, репрезентативецот на Швајцаријам Роман Бирки (29). Веста дека договорот на Бирки е до 2023 години денеска ја соопштија од таборот на „милионерите“.
„Не радува што во името на Роман Бирки и понатаму ќе имаме еден од најдобрите голмани во Бундеслигата. Тоа на долг рок е важна позиција и одлично е пополнета“ – изјави спортскиот директор на „жолто-црните“, Михаел Зорц.
Бирки во Дортмунд стигна пред 5 години од редовите на Фрајбург и набрзо го зазема своето место во стартниот состав на екипата. Со Борусија во изминатиот период освои само еден трофеј, Купот на Германија во 2017 година.