Нико Шулц (26) е нов играч на Борусија Дортмунд, потврдија денеска од Управата на „милионерите“.
Репрезентативецот на Германија кој игра на позиција лев бек во Дортмунд доаѓа од редовите на Хофенхајм за 27 милиони евра, а потпиша договор до 2024 година.
Шулц минатата година дебитираше за „панцирите“ (играше на 6 меча, а постигна и 2 гола), а играчката кариера ја помина во Херта, во Борусија Менхенгладбах и во Хофенхајм.
За неговиот последен клуб одигра 71 меч, со ефект од 4 гола и 13 асистенции.
? #SCHUUULZ pic.twitter.com/M61c6cEgYK
— Borussia Dortmund (@BVB) May 21, 2019