Фудбалерите на Ливерпул со гол од пенал во 95 минута го победија тимот на Лестер со 2-1 во рамки на 8. коло од Премиерлигата.
Во последните моменти од мечот, Мане искористи една грешка на одбраната на Лестер и на голманот Каспер Шмајхел, па влезе во петерецот каде беше соборен од Олбрајтон. Судијата покажа на белата точка, а потврда доби и од ВАР собата.
Црвените заслужија да ги земат трите бода затоа што од првата минута имаа иницијатива, беа подобар ривал и создадоа многу шанси за гол.
Инаку Ливерпул дојде во водство од 1-0 со голот на Садио Мане во 40 минута. Сенегалецот на 100-тиот меч за „црвените“ го постигна својот 50-ти погодок.
Тој резултат беше актуелен се до 80 минута кога Џејмс Медисон шутираше прецизно, топката отиде под раката на голманот Адриен и на семафорот стоеше 1-1.
Сепак пеналот го спаси Ливерпул кој и по 8 кола останува со стопроцентен ефект, 24 бода, во моментов 8 повеќе од Манчестер Сити, кој има натпревар помалку од ривалот.
На останатите натпревари, во дуелот помеѓу минатогодините второлигаши, Астон Вила со високи 5-1 славеше победа кај Норич.
Барнли пред своите гледачи славеше со 1-0 над Евертон, а дуелот меѓу Вотфорт и Шефилд Јунајтед заврши без голови.