Top Sport

Милосављев нов голман на Вардар

Дејан Милосављев, 22-годишниот голман на белградски Партизан од наредната година ќе го брани голот на Вардар.

Како што објави специјализираниот ракометен портал „балкан хендбол“, Милосављев по завршувањето на сезоната ќе се пресели во Скопје на местото на Арпад Штербик кој заминува во Веспрем.

Милосављев е репрезентативец на Србија, потекнува од школата на Југовиќ, а покрај во Партизан, еден период од кариерата мина во Катар, во екипата на Лехвија.

Во Вардар, младиот голман повторно ќе има можност да работи со голманската легенда Дејан Периќ, со кого во 2015 година соработуал во сениорската репрезентација на Србија.

Scroll to Top