Top Sport

Млад фан го скрши носот за да стигне до Салах, но се исплатеше (фото)

По завршувањето на премиерлигашкиот дуел на Ливерпул против Норич во петокот („Црвените“ победија со 4-1), многу навивачи ги чекаа своите љубимци пред „Енфилд“.

Млад фан на тимот додека трчаше да го фотографира голгетерот Мохамед Салах, не ја забележа бандерата пред него, па удри во неа. Фудбалерот го виде сето тоа, па застана со автомобилот и направи фотографија со младиот Луј Фаулер и со неговиот помал брат.

„Салах ти благодарам што дојде да ги видиш моите момчиња, откако Луј се удри во бандера. Тој те сака, ти си негов идол“ – напишал очувот на Луј Твитер.

Scroll to Top