Најдобрата навивачка фотографија во СЕХА лигата доаѓа од Скопје, Македонија, се работи за навивачка на РК Вардар.
Победник во наградната игра „Best Handball Fan Contest vol. 3“ е навивачка на Вардар – Катарина Јордановска.
Јордановска освои два билети за сите натпревари на Ф4 турнирот, како и комплетна спортска опрема и дрес на РК Вардар, потпишан од сите ракометари.