Top Sport

Мо Салах: Детството го минал по автобуси, сега е еден од најдобрите во светот

Мохамед Салах во моментов е еден од најдобрите напаѓачи во светот и еден од оние што ставија свој печат на сезоната 2017/18. Во летниот преоден рок од Рома за сума од 40 милиони евра се пресели во Ливерпул. Неговиот учинок на 47..натпревари за „црвените“ е застрашувачки, 43. гол.

Салах неодамна на навивачите на Ливерпул им ја раскажа својата животна приказна. Како дете морал да се одрекне од многу работи, патувал и по девет часа дневно со разни автобуси, само за да биде редовен на тренинзите.

„Почнав да тренирам во клуб кој беше половина час оддалечен од моето село во Басјун. Потоа потпишав за клуб од Танта. Патував по час и половина за да стигнам на тренинзите, а потоа се преселив во Каиро. Четири и пол часа возење во еден правец. Пет пати неделно имавме тренинзи“, раскажува Салах.

„Морав порано да заминувам од часовите за да можам да стигнам на тренинг: На часовите бев од 7 до 9 часот. Клубот побара дозвола од училиштето да можам пред време да си одам за да можам да стигнам на тренинзите кој започнуваа во 14 часот. Сама два часа во денот одев на училиште. Доколку не станев професионален фудбалер ќе ми беше многу тешко во животот“, рекол човекот кој во ноември минатата година го однесе Египет на Светското првенство во Русија.

„Пет дена неделно на тренинг, три-четири години живеев на тој начин. Од училиштето излегував во 9 часот ќе стигнев на тренинг кој започнуваше во 14 часот и траеше до 18 часот, а потоа назад. Дома ќе стигнев во 22 часот. Јади, спиј и наредниот ден се одново. И не беше само еден автобус, морав да сменам три-четири, некогаш и повеќе“.

Упорноста му се исплатеше, на како 16-годишник станува првотимец во Араб Контракторс, а четири години подoцна се сели во Европа, во Базел, а потоа во Челси, Фиорентина, Рома и Ливерпул.

„Бев млад, сакав да бидам фудбалер, големо име. Сакав да бидам некој посебен. Но не можем да кажам дека знеав што ќе се случи. Почнав од нула, немав ништо, без 14-годишно момче кое имаше сон. Не знаев што ќе се случи, но силно посакував да да станам професионален фудбалер“, рекол новиот идол на навивачите на еден од најпопуларните англиски клубови.

Иако за него секојдневно се зборува во фудбалскиот свет, тој и покрај огромната популарност никогаш не го заборавил родниот крај и пријателите.

Во Египет тој финансира изградба на училиште, а испраќа помош и во локалната болница.

Слаха води хуманитарна организација која додека трае светиот муслимаски месец Рамазан се грижи за прехрана на семејствата.

Исто така тој уплатил 210.000 фунти во државната каса, за да му помогне на Египет да го одржи крусот на националната валута, египеската фунта.

Напаѓачот на Ливерпул, кога со својот гол го однесе Египет на СП од државата како подарок доби луксузна вила, меѓутоа тој го одбил подарокот, се заблагодарил и рекол дека тие пари треба да им бидат донирани на сиромашните деца.

Scroll to Top