Најдобриот фудбалер за минатата 2018 година, Хрватот Лука Модриќ вчера во тешката победа на Реал Мадрид против Еибар од 2-1 не беше на своето стандардно ниво.
„Тој се чувствуваше чекор подалеку од „фрлање пешкир“. Ова не е добро, и она што го опкружува воопшто не му помага. Кога неговиот светилник ќе се угасне, Реал е изгубен“ – пишува угледниот „АС“.
Шпанските новинари се сложни дека вчера беше една од најлошите партии на Модриќ во „кралскиот дрес“. Зидан го извади од игра во 76 минута, но навивачите го наградија со аплауз.
Модриќ е миленин на навивачите на Реал Мадрид што не може да се каже за Велшанецот Герет Бејл кој од трибините на „Сантијаго Бернабеу“ доби свирежи.
Модриќ сезонава има 41 настап за „кралевите“ во сите натпреварувања, постигна 4 гола и имаше 7 асистенции.