Хрватскиот фудбалер во редовите на Реал Мадрид, Лука Модриќ до крајот на сезоната останува на „Бернабеу“, јавува италијански „Тутоспорт“.
Информациите од „Чизмата“ се дека Модриќ одбил уште една нова понуда од Милан, клубот за кој навива од детството.
Модриќ не сака да го напушти Реал по серијата лоши резултати, и сака со мадридската екипа уште еднаш да ја покори Европа.
Додоворот со Кралевите му е до крајот на сезоната и засега нема информации дека 34-годишниот фудбалер од средниот ред преговара со клубот за нов договор. Тоа значи дека голема е веројатоста дека уште во јануари ќе потпише преддоговор со друга екипа, а на крајот на сезоната ќе го напушти кралскиот клуб.
Во Мадрид е веќе седум ипол години.
„Тутоспорт“ пишува и дека Милан сега се врти кон Иван Ракитиќ, играчот на Барселона, но проблем е високата цена. Барса за Хрватот бара 30 милиони евра.
Сепак, за „Росонерите“ позајмица со можност за откуп на договорот е многу подобра варијанта, но хрватскиот фудбалер, пак, не сака да оди на позајмица.