Легендарниот капитен на хрватската фудбалска репрезентација, Даријо Срна ја заврши играчката кариера. Тој вчера на прес-конференција во Италија ја обзнани одлуката.
Срна иако нема повеќе да го гледаме на фудбалските терени, сепак останува во фудбалот, во улога на помошник тренер во Шахтјор Доњецк во Украина.
Екс-соиграчите од хрватската селекција го испратија со пораки, а посебно емотивна беше онаа на фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ.
„Заврши една вредна играчка кариера. Почнува една нова фудбалска приказна со истата страст, знаење и душа. Приказна на животот, приказната на Даријо Срна. Приказна за добар човек. Пријателе, нека ти е со среќа“ напиша Модриќ на Инстаграм.