Top Sport

Мурињо за мегданот со Валенсија „в оган фрла“ 14-годишен фудбалер!?

Манчестер јунајтед веќе го осигура пласманот во нокаут фазата од Лигата на шампиони напролет, па затоа тренерот Жозе Мурињо за утрешниот меч против Валенсија во Шпанија оди со проретчен состав во кој има членови од младинскиот погон на клубот.

Според информациите од Островот, не е чудо Мурињо на теренот на „Местаља“ да го испрати Нигериецот, Шола Шортаер, кој има само 14 години. Шанса за настап во ЛШ можно е да добие и 15-годишниот Вил Фиш, идните ѕвезди на „црвените ѓаволи“.

Сепак, откако поголемиот број од ѕвездите на тимот останаа во Манчестер, со сигурност се очекува шанса да добијат 17-годишните фудбалери Гарнеро и Гринвуд.

Scroll to Top