Top Sport

На денешен ден пред 27 години Црвена Звезда „се качи“ на фудбалскиот покрив на светот

На денешен ден пред 27 години Црвена Звезда „се качи“ на фудбалскиот покрив на светот, го освои Интерконтиненталниот куп во Токио совладувајќи го чилеанскиот Коло Коло со 3:0.

Пред 60.000 гледачи на националниот стадион во Токио Звезда триумфираше против тогашниот шампион на Јужна Америка со головите на Владимир Југовиќ (два гола) и нашиот Дарко Панчев.

Звезда го направи тоа што ниедна друга екипа од источна Европа дотогаш не успеала, да го освои Купот на шампионите и истата година да ја додаде на тоа и титулата светски клупски првак.

Тимот што играше за Црвена Звезда во Токио го сочинуваа:
Милојевиќ, Радиновиќ, Василијевиќ, Југовиќ, Белодедиќ, Најдоски, Стошиќ, Ратковиќ, Панчев, Савичевиќ, Михајловиќ.

Scroll to Top