Top Sport

На Кутињо „му ѕвонат“ зборовите на Клоп: Остани на „Енфилд“ и ќе ти изградат статуа!

Ливерпул синоќа имаше неверојатен пресврт против Барселона на „Енфилд“ по што втора година по ред успева да се палсира во финалето на Лигата на шампионите. Еден од најголемите губитници во двомечот меѓу англискиот и шпанскиот клуб е Бразилецот, Филипе Кутињо.

утињо пред 2 години силно сакаше да го напушти Ливерпул затоа што сметаше дека со „црвените“ нема да може да си ја оствари желбата, освојување на „пехарот со големите уши“ во ЛШ. Сепак, погреши.

Токму Ливерпул синоќа му го урна сонот, а Бразилецот на двомечот не постигна ниеден гол, упати само 2 удари во рамки на голот и имаше прескромни 33 додавања до соиграчите.

Статистичарите забележале дека Кутињо трипати се одлучил на дриблинг, но безуспешно.

Сега многумина се потсетија на зборовите на менаџерот на „црвените“, Германецот Јирген Клоп кога се обидувал да го премисли Бразилецот да не го напушта Ливерпул.

„Остани овде и на крајот ќе направат статуа во твоја чест. Ако отидеш во друг клуб, не е битно каде, Барселона, Баерн, Реал Мадрид ќе бидеш само еден играч во низата. Овде можеш да добиеш повеќе од тоа“ му рекол тогаш Клоп на Кутињо.

Германецот несомнено бил во право затоа што Каталонците сега сакаат да се ослободат од бразилскиот фудбалер кој не остави речиси никаква трага на „Ноу Камп“.

Scroll to Top