Ако тренерот на Рома, Еузебио Де Франческо утре со своите фудбалери не триумфира на натпреварот од 18 коло во Серија А против Сасуоло или на викенд натпреварот против Парма, најверојатно ќе заработи отказ, шпекулираат медиумите на Апенините.
Доколку Рома остане без кормирал, информациите се дека иконата на „волчицата“, Франческо Тоти и капитенот Де Роси сакаат тимот да го предводи Кристијан Панучи.
Екс-репрезентативецот на Италија, кој сега ја предводи селекцијата на Албанија, за Рома настапуваше од 2001 до 2009 година.