Шпанскиот тениски ас, Рафаел Надал попладнево убедливо славеше против сонародникот Роберто Баутиста-Агут со 6-1 и 6-1 во сетови на Мастерс турнирот во Монте Карло.
Вториот светски рекет кој ја брани титулата во Монте Карло за 77 минути со фуриозна игра не му остави никаква можност за изненадување на противникот кој моментно е 22-ри светски тенисер.
Надал во следното коло ќе се судри со подобриот од денешниот дуел на Димитров и Штруф.