Top Sport

Наѓ: Мора да најдеме слаби точки кај Киелце, тим кој го совладаа ПСЖ со 10 разлика

Веспрем и Киелце в сабота во Келн се едниот полуфинален пар на ракометниот Ф4 турнирот. Подобриот од овој дуел идниот ден во големото финале ќе се судри со подобриот од другото полуфинале, Вардар – Барселона.

Прославениот унгарски ракометар Ласло Наѓ кој ја игра последната сезона во кариерата смета дека со доаѓањето на Давид Дејвис на клупата на Веспрем работите тргнале на добро.

„Есента стигна нов тренер со потполно различна филозофија и начин на работа и ни требаше време да се навикнеме на визијата на Дејвис. Конечно, ни се исплатеа стотиците часови работа. Го знам Давид уште од времето кога бев во Барселона, одма видов дека е добар човек. Секогаш е подготвен на се“ – вели Наѓ.

Леворакиот бомбардер е свесен дека против Киелце на Талант Душебаев воопшто нема да биде лесно за Веспрем во Келн.

„Против Киелце нашата одбрана мора да биде како часовник. Нашите бекови и крила можат да направат разлика. Клучот на патот до европската титула лежи во тоа кој ќе направи помалку грешки. Мора да најдеме слаби точки кај Киелце, а тоа е тешко кај екипа која со 10 разлика го совлада ПСЖ“ – вели ракометарот.

Scroll to Top