Top Sport

Наградата за највешт на Ол стар викендот оди за Тејтум кој погоди од пола терен (видео)

Кошаркарот на Бостон Селтикс, Џејсон Тејтум е победник во натпреварот во вештини на НБА Ол-стар викендот кој се одржува во Шарлот.

Во натпреварувањето во кое учество земаа уште и Лука Дончиќ, Никола Јокиќ, Никола Вучевиќ, Мајк Конли, Ди Арон Фокс, Кајл Кузма, Тре Јанг признанието за најдобар на крајот отиде во рацете на Тејтум.

Тејтум успеа сензационално да ги елиминира Конли и Јокиќ, а во финалето со тројка од половина терен го елиминираше Тре Јанг.

Тејтум е прв играч на Селтикси кој го освоил натпреварувањето во вештини.

Погледнетe:

Scroll to Top